Русија е подготвена да биде посредник во решавањето на палестинско-израелската криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
На самитот на Заедницата на независни држави во Бишкек тој истакна дека е неопходно да се бара мирно решение на конфликтот и дека едноставно нема алтернатива, пренесува РИА Новости.
Тој повтори дека верува оти ескалацијата на Блискиот Исток е резултат на „пропадната американска политика“, пренесува Танјуг.