Новата безбедносна архитектура мора да биде еднаква и неделива. Сите земји мора да добијат гаранции за својата безбедност, но не на сметка на другите, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
Во своето обраќање до учесниците на 13-от меѓународен состанок на високи претставници одговорни за безбедносни прашања преку видео врска, тој нагласи дека пристапот на Русија кон ова прашање останува фундаментален и непроменет, пренесува ТАСС.
Рускиот претседател, исто така, изјави дека Евроазија е важно место на мир и стабилност.
„Важно е нашиот континент да стане област на мир и стабилност, пример за одржлив економски, социјален и културен развој“, рече Путин.
Денес во Москва се одржува Меѓународната конференција на високи претставници за безбедносни прашања.