Путин не гледа потреба од воведување воена состојба во цела Русија, ниту за нова мобилизација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не е неопходно да се воведе воена состојба на целата територија на Русија, но потребно е повнимателно да се работи на некои прашања, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со руските воени дописници, пренесуваат руските медиуми.

Според него, „нема смисла да се воведува посебен режим или воена состојба во целата земја“.



-Нема таква неопходност денес. Но, треба да работиме повнимателно на некои прашања, рече тој.

Путин нагласи дека треба да се подобри и прошири работата на органите за спроведување на законот и специјалните служби. „Генерално, ми се чини дека и задачите во овој поглед можат да се решат“, додаде Путин.

-Министерството за одбрана известува дека во моментов нема потреба од мобилизација, се разбира. Некои од нашите јавни личности велат дека има итна потреба да се мобилизираат уште еден или два милиони луѓе. Зависи што сакаме. Зависи од целта, изјави Путин на средбата со руските воени дописници.

Тој нагласи дека од јануари досега во руската армија со договор се ангажирани над 150 илјади војници, а во изминатата недела договори потпишале 9.500 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK