Путин и Лукашенко си разменија честитки: Русија и Белорусија слават заеднички празник

путин-лукашенко.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко разменија честитки по повод Денот на единството на народите на двете земји.

Денот на единството на народите на Русија и Белорусија се слави секоја година на 2 април. Токму на тој ден во 1996 година, претседателите на двете земји го потпишаа Договорот за формирање на Унијата на Русија и Белорусија, што го означи почетокот на интегративниот процес на двете земји.

Во својот говор Путин изјави дека, без оглед на сложената меѓународна ситуација, Москва и Минск успеале да направат многу за да ги развијат врските и да ги зајакнат институциите на сојузната држава.

Рускиот лидер изјави дека новиот комплекс мерки за интегративните процеси во сојузната држава е во согласност со зајакнувањето на стабилноста во Евроазија.

Лукашенко истакна дека искуството што Москва и Минск го стекнале четврт век, овозможило ефективно да се одговори на предизвиците и заканите.

„Убеден сум дека богатата билатерална агенда отвора нови перспективи за долгорочна меѓусебна соработка, продлабочување на белоруско-руските кооперативни врски, кои се насочени кон зголемување на благосостојбата на граѓаните на Белорусија и Русија“, додаде белорускиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK