Две лица се полесно повредени во пукање пред кампусот на колеџот во Алабама, соопшти денеска полицијата.
Пукањето се случило на универзитетот „A&M“ во Алабама, во конфликт меѓу две лица, а тоа е изолиран инцидент, изјави портпаролот на полицијата Сидни Мартин.
Кампусот бил под полициски надзор, а студентите биле предупредени дека вооружено лице има во околината и им било кажано да се заклучат во своите соби.