Просветните синдикати во Романија излегуваат на протестен марш во Букурешт

parlament-bukuresht
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три романски синдикални федерации за образование денеска ќе одржат протестен марш од Плоштадот на победата до плоштадот на Парламентот во Букурешт.







Демонстрациите се очекува да бидат едни од најголемите во последните години. Според прелиминарните информации, во него ќе бидат вклучени 15.000 учесници. Денеска незадоволните ќе одлучат дали ќе излезат на генерален штрајк на 22 мај.

Протестниот марш е под мотото „Обединети сме силни. Сакаме пристојни плати“ и е во организација на Сојузот на слободни синдикати во образованието, Сојузот на синдикати во образованието „Спиру Харет“ и Националната синдикална федерација „Алма Матер“. Кампањата има за цел да го привлече вниманието на проблемите со кои се соочува романскиот образовен систем и особено неговите вработени – наставниот, ненаставниот и помошниот наставен кадар.

Синдикалните федерации бараат зголемување на платите на воспитно-образовниот кадар, воспоставување правило за годишно индексирање на платите, исплата на дополнителни часови работа, надоместоци и годишно зголемување на инвестициите во образованието, подобрување на материјалната основа и инфраструктура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK