Пронајдено тело на заложник киднапиран од Хамас на фестивалот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската војска објави дека го пронашла телото на заложникот Елија Толедано (28), кој терористите го киднапираа од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври.



Не е познато како и кога починал.

Се верува дека во Газа останале 134 заложници и дека не се сите живи.

Израелските одбранбени сили досега ја потврдија смртта на околу 20 заложници од оние што сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации и откритија направени од војници кои дејствуваат во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK