Преживеаниот пилот е виновен за тешката несреќа на пистата на аеродромот во Токио: „Не доби дозвола да полета!“

Преживеаниот-пилот-е-виновен-за-тешката-несреќа-на-пистата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Авионот на јапонската крајбрежна стража, кој се судри со патнички авион на аеродромот во Токио, не добил дозвола за полетување. Според транскриптот од комуникацијата меѓу контролорите на летање и авионот, летот на „Јапан Ерлајнс“ бил пуштен да слета, но помалиот авион не добил зелено светло за полетување.

Јапонскиот министер за транспорт Тецуо Саито ја коментираше снимката од комуникацијата помеѓу контролата на летање и авионот, велејќи дека немало дозвола за полетување на леталото на крајбрежната стража, туку било насочено кон место за чекање. Екипажот на крајбрежната стража потврдил дека ги добил упатствата неколку секунди подоцна, покажуваат транскриптите. Околу две минути подоцна, авионот на Japan Airlines се судрил со помалиот авион на пистата.

Друг фактор за несреќата би можеле да бидат предупредувачките светла, кои ги известуваат пилотите доколку пистата е чиста, а кои не работеле на денот на судирот на аеродромот во Токио.

Саито на прес-конференција рече дека инцидентот се уште е под истрага и дека следниот чекор ќе биде слушање на аудио снимката од разговорот меѓу пилотот на крајбрежната стража и кулата за контрола на летање. Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот почна да ги истражува изгорените остатоци од авионот.

Авион на „Јапан ерлајнс“ се судри со авион на крајбрежната стража при слетување во вторникот, при што и двата се запалија. Сите 367 патници и 12 членови на екипажот на патничкиот Ербас А350 успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници во авионот на крајбрежната стража загинале. Преживеал само пилотот кој се здобил со тешки повреди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK