Израелската армија: Го убивме командантот на Исламскиот џихад во Појасот Газа

Хамас-Во-нападот-на-најголемиот-бегалски-камп-во-Газа-загинаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелската армија (ИДФ) објави дека нејзините сили го убиле командантот на палестинската милитантна организација Исламски џихад во воздушни напади во Појасот Газа.

Во заедничката изјава со израелската безбедносна агенција Шин Бет, ИДФ изјави дека Мамдух Лулу служел како помошник на командантите на северната дивизија на исламскиот џихад во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се вели дека Лулу одржувал контакт и со претставници на Исламскиот џихад во странство.

„Лулу беше централна фигура на палестинскиот исламски џихад, иницирајќи и предводејќи бројни терористички напади и напади од Газа против државата Израел, рутински и за време на војната“, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK