Претседателски избори на Исланд, тесна трка меѓу три жени

island-izbori.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Исланд денеска го избираасвојот седми претседател, а се очекува тесна трка меѓу три жени, пишува германската агенција ДПА.

Исклучително популарниот претседател Гудни Јоханесон повторно не се кандидираше. Тој ја извршуваше таа функција од 2016 година, а беше реизбран во 2020 година кога освои 92 отсто од гласовите.

Поранешната премиерка Катрин Јакобсдотир е една од фаворитите. Таа поднесе оставка во април за да се кандидира за претседателската функција.

Голема поддршка имаат и Хала Томасдотир, претприемачка кој исто така се кандидираше во 2016 година и Хала Хрунд Логадотир, експерт за заштита на животната средина и професор од Универзитетот Харвард.

Неодамнешната анкета објавена од дневниот весник Моргунбладид покажа дека Јакобсдотир води со 26 отсто поддршка од гласачите, следена од Томасдотир со 24 отсто, а 19 отсто велат дека ја поддржуваат Логадотир.

На претседателските избори има вкупно 12 кандидати. Претседателот има претежно церемонијална улога, но може да стави вето на законите и да распишува референдуми. Изборните резултати се очекуваат утре рано наутро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK