Претседателот на Врховниот суд на Украина е приведен поради поткуп од 2,7 милиони долари

knjazev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Врховниот суд на Украина Всеволод Књазев е приведен за поткуп од 2,7 милиони долари.







Апсењето беше објавено вчера, денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската унија е зголемена.

Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави дека заедно со Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата откриле корупција од големи размери во Врховниот суд.

„НАБО и САП открија голема корупција во Врховниот суд, имено – шема за добивање незаконски придобивки од раководството и судиите на Врховниот суд. Во моментов се спроведуваат итни истражни дејствија. Детали подоцна“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук..

Извор од органите за спроведување на законот потврди за украински медиуми дека претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев, е прогласен за приведен за земање мито од 2,7 милиони долари.

Књазев ја презема функцијата од 1 декември 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK