Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

677z381_bajden-kanibalki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја, Џејмс Марапе го обвини американскиот претседател Џозеф Бајден дека ја навредувал островската држава во Тихиот Океан со тоа што имплицирал дека неговиот вујко таму бил изеден од „канибали“ за време на Втората светска војна.


Бајден минатата недела зборуваше во Пенсилванија за неговиот вујко Амброуз Финеган, кој беше во воздухопловните сили на САД, за кој рече дека бил соборен над Папуа Нова Гвинеја за време на војната, според АП.

„Никогаш не го пронајдоа неговото тело, бидејќи порано имаше многу канибали во поголемиот дел од таа земја“, рече Бајден.

Марапе рече дека изгледа „Бајден сакал да каже дека неговиот вујко го изеле канибали“.

„Забелешките на Бајден можеби се непромислени, но мојата земја не сака да биде означена како таква“, рече Марапе во изјавата доставена до американската новинска агенција, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека Втората светска војна не била предизвикана од жителите на Папуа, туку дека тие биле вовлечени во конфликтот.

Американската амбасада во Порт Морзби сè уште не одговорила за коментар.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Финеган всушност загинал кога неговиот авион се урнал во Тихиот Океан за време на Втората светска војна и не бил изеден од канибали.

Жан-Пјер им рече на новинарите дека кога Бајден сугерирал дека Финеган го изеле домородците од Нова Гвинеја во 1944 година, тој „само се обидувал да изрази колку е неверојатно горд на својот вујко“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK