Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа ќе продолжат утре во Каиро, објави телевизискиот канал Ал Кахра Ал-Ехбари, повикувајќи се на извор од египетските безбедносни служби.
Според телевизијата, Египет и Катар, кои се посредници меѓу Израел и Хамас, ќе продолжат да вложуваат заеднички напори за постигнување напредок во преговарачкиот процес.
Во последните месеци беа организирани неколку неуспешни рунди преговори и меѓународните посредници се обидоа да постигнат примирје за Рамазан, но без успех.