Експлодира бомба во Пакистан, повеќе од 10 лица се повредени, има загинати

pAKISTAN.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Едно лице загина, а 14 меѓу кои тројца војници се повредени во денешната експлозија на бомба во југозападен Пакистан, потврдија извори од пакистанската полиција.

Експлозијата се случила во областа Хернаи, која се наоѓа североисточно од градот Квета во провинцијата Белуџистан, пренесува АП.

Џавед Домки, заменик-началник на областа Хернаи, рече дека бомбата експлодирала додека тим на Мари Петролеум вршел истражување на гасното поле.

Засега никој не ја презеде одговорноста за денешната експлозија, но американската агенција потсетува дека Белуџистан со години е сцена на бунт на сепаратистичките групи кои бараат независност од централната власт во Исламабад. Иако владата на Пакистан тврди дека го задушила бунтот, насилството во провинцијата Балуџистан не престанува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK