Предмет од вселената паднал врз куќа на Флорида, НАСА го анализира

f44e000e-c8c2-468d-9e0d-e0321317671f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







НАСА соопшти дека го анализира објектот што неодамна паднал од „небото“ на дом на Флорида. Веројатно се работи за фрагмент од отфрлен дел од Меѓународната вселенска станица (ISS). Алехандро Отеро од Неапол објави на X дека неидентификуван предмет го пробил покривот и поминал низ два ката од неговиот дом на 8 март, при што за малку ќе го повредил неговиот син.

Отеро верува дека неговата куќа била погодена од дел од товарниот контејнер со стари батерии кои НАСА ги исфрлила од ISS во 2021 година. Резервоарот, како што предвидува агенцијата, требаше да изгори безопасно над земјината атмосфера на 8 март.

Отеро, исто така, објави снимка од неговата надзорна камера од објект кој пропаднал низ покривот во 14:34 часот по локално време.

Наскоро се јави и НАСА. „Во договор со сопственикот на куќата, го собравме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата”, изјавила НАСА за АФП.

Според извештајот на „Ars Technica“, батериите биле во сопственост на НАСА, но тие биле во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција.

Ова не е прв пат „вселенското ѓубре“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата „SpaceX Dragon“ падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK