Прага поништи договор со кој Москва користеше бесплатно земјиште

praga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чешката влада синоќа објави дека го поништува договорот од советската ера со кој на Русија и дозволува бесплатно да користи земјиште и недвижен имот во државата.
„Владата го откажа договорот од комунистичката ера со кој на руската влада и беше дадено бесплатно користење на десетици парцели во Чешка“, објави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на Твитер.







Тој додаде дека овој систем ќе биде заменет со „договори за закуп за да се спречи неосновано збогатување“, што имплицира дека земјиштето ќе се користи за комерцијални, а не за дипломатски цели.
Одлуката се однесува на 59 парцели и недвижен имот, вклучувајќи ги зградите до руската амбасада во Прага, но не и самата амбасада.
Други имоти се во Брно и Карлови Вари, што се високо ценети меѓу руските инвеститори до војната во Украина.

Чехословачка ги потпиша тие договори за слободно користење на земјиштето со поранешниот СССР во 1970-те и 1980-те. Тие не се променија по падот на СССР во 1991 година и Русија продолжи да ги користи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK