Познат инфлуенсер најден мртов: полицијата го нашла неговото тело закопано во дворот на соседот

Познат-инфлуенсер-најден-мртов-полицијата-го-нашла-неговото-тело-закопано.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфлуенсерот Карлос Хенрике Медеирос (26), кој исчезна ноќта на 25 декември, е пронајден мртов во саботата, закопан во дворот на неговите соседи, во пошироката област на Сао Паоло, Бразил.


Двојката кој живее во резиденцијата каде што е пронајден инфлуенсерот е приведена на барање на полицијата поради сомнеж дека е вмешана во смртта на Карлос. Човекот е пријател од детството на инфлуенсерот.

Според веб-страницата „Метрополис“, парот во неделата отишол на суд, каде што изјавиле дека Медеирос, откако користел дрога, добил срцев удар и починал додека имал интимни односи со девојка.

„Двојката рече дека нивниот пријател се предозирал со кокаин и умрел. Тогаш не знаеле што да прават и решиле да го закопаат телото во дворот“, рекол шефот на полицијата Луис Роберто Фарија Хелмајстер.

Според истрагата, на телото на инфлуенсерот првично немало траги на насилство, прободување или пукање. Полицијата ги чека резултатите од извештаите кои би можеле да ја откријат причината за смртта.

Карлос беше познат како „Хенрике Медеирос“ на социјалните мрежи и снимал хумористични содржини. Неговиот канал на „Јутуб“ има речиси 1,8 милиони претплатници.

Неговиот Инстаграм има повеќе од 84 илјади следбеници, а на својот профил споделувал и лични фотографии и видеа, покрај содржината што ја креирал за Јутјуб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK