Пожар избувна во воден парк: изгоре тобоган, полицијата нареди итна евакуација во Шведска

Пожар-избувна-во-воден-парк-изгоре-тобоган-полицијата-нареди-итна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голем пожар избувна во воден парк во западниот шведски град Гетеборг, а изгоре тобоган и слични објекти кои беа во изградба, соопштија очевидци и спасувачките служби.

Засега нема информации за повредени, а полицијата поради густиот чад над тој дел од градот ги советува граѓаните кои живеат во тој реон да останат во своите домови и да ги држат затворени прозорците за да не навлезе чадот во нивните куќи, пренесува Ројтерс.

Евакуирани се гостите од блискиот хотел и деловните простории.

„Пожарот избувна на еден од тобоганите надвор од зградата, а потоа се прошири на целата зграда“, се наведува во соопштението на паркот Лизеберг.

Ројтерс јавува дека тобоганот го зафатил пламенот, додека неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот. Во моментот на пожарот немало гости во водениот парк , кој требало да биде отворен оваа година и е додаток на забавниот парк во Гетеборг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK