Големи делови од австралиската сојузна држава Викторија денеска останаа без струја, бидејќи големата централа која снабдува една третина од корисниците испадна од системот поради невремето што ги урна далекуводите.
Илјадници луѓе се без струја поради комбинација на екстремни температури, силни ветришта и удари од гром, кои ја оштетија електричната инфраструктура и ја принудија електраната „Лој Јанг А“ да ги исклучи сите четири единици, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 500.000 домови или деловни објекти се без струја, објави државниот министер за енергетика Лили Д’Амброцио во објава на социјалните мрежи.
Д’Амброцио подоцна објави дека еден од четирите единици на централата е вратен и дека задолжителните исклучувања завршиле.
Електраната соопшти дека работи на тоа да ги врати во оптег и преостанатите три единици во текот на денот.
По привремено затворање на централата, цените на електричната енергија на големо скокнаа низ целата земја, според податоците на австралискиот оператор за енергетски пазар (AEMO).