Повеќе од 24.000 агенти на границата САД-Мексико пред истекот на анти-ковид мерките

SAD MEKSIKO
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД распоредуваат повеќе од 24.000 агенти и безбедносни сили на својата јужна граница со Мексико, бидејќи администрацијата на претседателот Џо Бајден очекува голем прилив на мигранти кога ќе истечат мерките против пандемијата, изјави американски официјален претставник.







Мерката позната како „Мерка 42“ треба да истече в четврток во 23:59 часот по вашингтонско време (5:59 по средноевропско време). Мерката, воведена во 2020 година како дел од борбата против Ковид-19, го оневозможи барањето за азил во САД и дозволи мигрантите да бидат депортирани во Мексико без одлагање.

– Имаме повеќе од 24.000 агенти и членови на безбедносните сили распоредени на границата, како и повеќе од 1.000 координатори на граничната полиција, изјави функционерот, кој сакал да остане анонимен, пренесе Бета.

Ова е рекорден број полицајци и ресурси распоредени на границата за да се подготват за неколкуте тешки кои се очекуваат, додаде тој.

Тука не се вклучени 1.500 војници кои Министерството за одбрана ќе ги распореди на границата со Мексико, како засилување за 2.500-те војници кои се веќе присутни на тоа место.

САД, исто така, планираат да го зголемат бројот на летови за враќање и да зголемат до 7.000 дополнителни сместувачки места во специјализираните центри, рече тој.

Илјадници мигранти веќе се собраа на границата со Мексико, а американските власти проценуваат дека тоа ќе трае уште неколку недели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK