Повеќе од 15.900 палестинци се убиени во Газа од почетокот на војната, тврди Хамас

Портпаролот-на-израелската-армија-„Израел-се-уште-е-во-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Повеќе од 15.900 палестинци, вклучувајќи 250 здравствени работници, се убиени во Газа од почетокот на војната на 7 октомври, изјави палестинската министерка за здравство.

Бројот на загинати продолжува да расте и покрај меѓународните повици до израелските сили да ја ограничат штетата на цивилите во новата фаза од воената офанзива во Газа, којашто почна на 1 декември кога пропадна примирјето со Хамас, изјави Маи ал-Каила на прес-конференција во градот Рамала на западниот брег.

Повеќе од 40.900 луѓе во Газа се ранети во израелските бомбардирања, според палестинското министерство.

„Ако темпото на израелските сили продолжи, здравствениот сектор може целосно да пропадне“, рече Ал-Каила. Додаде дека министерството се обидува да ги преброи загинатите во реално време, но се очекува конечната бројка да биде многу поголема.

Тоа е затоа што илјадници луѓе се затрупани во урнатините од воздушните напади, а владиното тело задолжено за отстранување на трупови од местата на бомбардирање едвај функционира, рече таа.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK