„Повеќе не е прашање „дали“, туку „кога“ ќе почне“: Нетанјаху го одобри планот за офанзива на Рафах

Screenshot-2024-03-16-121521.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафах, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.


Израел изјави дека Рафах, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по операцијата на израелската армија во северниот и централниот дел на палестинската енклава.

Кабинетот на Нетанјаху наведува дека офанзивата на Рафа е неопходна за да се постигнат воените цели и дека прашањето не е „дали“ ќе има офанзива, туку „кога“.

Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафах е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.

Во исто време, Нетанјаху ги нарече „апсурдни“ плановите на Хамас за прекин на огнот, ослободувањето на заложниците од Газа и ослободувањето на палестинските затвореници од израелските затвори.

Непосредно пред тоа, Канцеларијата за односи со медиумите во Појасот Газа денеска објави дека повеќето од 36-те лица убиени во петочниот израелски напад врз куќа во близина на бегалскиот камп Нусејрат се деца.

Меѓу убиените има и бремена жена, а куќата се наоѓа западно од кампот во централниот дел на Појасот Газа, јави Ал Џезира.

– Американската администрација, меѓународната заедница и израелскиот окупатор ги сметаме за апсолутно одговорни за ескалацијата на овие злосторства и масакри врз беспомошни цивили – се наведува во соопштението на канцеларијата на Телеграм.

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси денеска изјави дека западните медиуми се обидуваат да го одвлечат вниманието од кризата во Газа и да спречат објавување докази за, како што наведе, израелските злосторства.

– Некои медиуми се платеници на Соединетите Американски Држави и на ционистичкиот режим. Тие ги цензурираат широките демонстрации ширум светот против ционистите – рече Раиси, а пренесува иранската агенција Тасним.

Повеќе од 30.000 Палестинци загинаа во Појасот Газа од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, според здравствените власти во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK