Потврдено: Хамас уби млада Ирка на фестивалот

Потврдено-Хамас-уби-млада-Ирка-на-фестивалот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потврдено е дека млада жена со ирско-израелско потекло беше убиена на музичкиот фестивал кој во саботата бил нападнат од милитантите на Хамас, изјави ирскиот премиер, Лео Варадкар.


Ким Дамти исчезна кога последен пат беше видена на фестивалот во близина на Реим, недалеку од границата меѓу Израел и Газа.

„Како нација сме обединети во жалоста за Ким Дамти. Оваа млада Ирко-Израелка беше убиена во цутот, го имаше целиот живот пред себе“, рече Варадкар во објава на X, поранешен Твитер.

Во објава на Фејсбук, нејзината сестра Лаура рече: „Семејството го загуби нашиот ангел, нашиот цвет… убиен од проклетите терористи“.

Израелските спасувачи соопштија дека на местото на фестивалот биле пронајдени најмалку 260 тела. Некои учесници беа земени како заложници, што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK