Потпретседателот на германската влада: Орбан не зборува во име на Европа во Кина

fdsf.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува во Кина како национален политичар и не зборува во име на Европа, изјави денеска германскиот потпретседател Роберт Хабек.


„Унгарската политика често не ја претставува суштината на размислувањето во Европската унија“, рече Хабек во Штутгарт по повод денешната посета на Орбан на Кина и разговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг, пренесува Ројтерс.

Орбан денеска пристигна во ненајавена посета на Пекинг, каде се сретна со претседателот на Кина, Си Џинпинг, а претходните денови ги посети и Москва и Киев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK