Поради строгите мерки за штедење во Аргентина, индустриското производство нагло падна

g-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Индустриското производство во Аргентина драстично падна во март, покажаа податоците на заводот за статистика INDEC, што ги одразува последиците од строгите мерки за штедење што ги спроведе новата влада на претседателот Хавиер Мајли.

Во март производството паднало за 21,2 отсто во однос на истиот период лани.

Производството на мебел потона за повеќе од 40 отсто, на електроника и алати за речиси 43 отсто, а на метални производи и машини за речиси 33 отсто. Производството на неметални минерали и основни метали е намалено за околу 35 отсто, а на автомобили и транспортни средства за 25 отсто, покажуваат податоците на INDEC.

На месечно ниво, производството се намали за 6,3 отсто, најсилно од мај во пандемијата 2020 година, кога потона за 26,2 отсто. Во првите три месеци од годинава  падна за речиси 15 отсто на годишно ниво, објави заводот за статистика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK