Јошевед Лифшиќ (85), која беше една од двете заложнички ослободени од заробеништво на Хамас минатата ноќ, вели дека поминала низ пеколот, опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.
Ослободената жена зборуваше на прес-конференција во болницата во Тел Авив, придружувана од нејзината ќерка Шерон, која и помагаше на нејзината мајка да го раскаже своето тешко искушение.
“Each person had a guard watching him or her. They took care of all the needs. They talked about all kinds of things, they were very friendly.”
Yocheved Lifshitz details what it was like while being held hostage by Hamas.
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/lSs5io56uH
— Sky News (@SkyNews) October 24, 2023
Лифшиќ вели дека преку капијата била донесена во Газа и дека се здобила со модринки од возењето. Таа исто така вели дека имала проблеми со дишењето.
Додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда, но не направила ништо за да го спречи Хамас да премине.
„Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки“, раскажува нејзината ќерка, опишувајќи ја „огромната мрежа“ од подземни тунели со кои управува Хамас, а која ја споредува со „пајакова мрежа“.
Ќерката додала дека часовникот и накитот на мајка и биле извадени додека ја возеле.
Кога се симнала од моторот, луѓето кои ја поздравиле и рекле дека „веруваат во Куранот“ и затоа нема да ја повредат – рекла ќерката.
Нејзината мајка и уште 24 луѓе биле однесени во тунелите, кои таа ги опишува како „мека, влажна земја“.
Раскажува дека по два-три часа одвоиле пет лица од Кибуц Нир Оз во посебна просторија и дека таму имало чувари, болничар и лекар.
Самата Лифшиќ дополнително ги опишува чистите услови и чуварите кои се грижеле за „секој детал“. Тие биле хранети со бело сирење и краставици со истата храна што ја имале и киднаперите.