Полскиот премиер Доналд Туск остро ги критикуваше американските републиканци за блокирање на законот со кој ќе и се одобри помош на Украина во износ од 60 милијарди долари, пишува Гардијан.
„Почитувани републикански сенатори на САД. Роналд Реган, кој ни помогна на милиони од нас да ја вратиме нашата слобода и независност, мора да се превртува денес во својот гроб. Срам да ви е“, објави Туск.
Неочекувано силната критика на централнодесничарскиот премиер доаѓа откако американскиот Сенат го блокираше двопартиското законодавство за мерките на границата меѓу САД и Мексико и помошта за Украина од 118 милијарди долари. Законот ќе му обезбеди на Киев воена помош од 60 милијарди долари.
Туск е еден од ветераните на европската политика, откако беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година и претседател на Европската народна партија од 2019 до 2022 година, пред да се врати на премиерската функција на крајот на минатата година.