– Полското Министерство за одбрана денеска соопшти дека открило неидентификуван објект во воздушниот простор на земјата, кој летал од правец на Белорусија, наведувајќи дека најверојатно станува збор за набљудувачки балон.
Министерството на Твитер соопшти дека радарскиот контакт со објектот е изгубен во близина на Рипин, град во централна Полска.
Министерството соопшти дека во потрага по тој објект биле распоредени силите за територијална одбрана.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, земја на источната граница на Полска, имало, колку што е познато, два упади во полскиот воздушен простор, пренесе Бета.
Во ноември, две лица загинаа кога проектил падна во источна Полска како резултат на акциите на украинските воздухопловни сили за одбивање голем руски напад.
Војската и официјалните лица на Полска, исто така, се соочуваат со прашања за друг предмет што падна на територијата на земјата во декември, но беше пронајден дури во април.