Новото истражување на групата MeTooEP покажа дека повеќе од 550 вработени во Европскиот парламент, речиси половина од испитаниците, доживеале психичко вознемирување на работното место.
Истражувачите анкетирале 1.135 вработени меѓу јуни и август 2023 година за нивните искуства на работното место, а покрај психичкото вознемирување, 15,5 отсто од испитаниците изјавиле дека доживеале сексуално вознемирување, а 8,1 отсто физичко вознемирување.
Истражувањето исто така покажа дека 42,4 отсто од вработените во ЕП биле сведоци на некаков облик на вознемирување на работното место, пренесува Политико.