Погубени маж и жена во Кина, ги фрлиле своите деца од 15 кат

Погубени-маж-и-жена-во-Кина-ги-фрлиле-своите-деца.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле неговите мали деца од прозорец на стан на 15-ти кат, тврдејќи дека се работи за ненамерен пад. Децата биле од првиот брак и имале една и две години. Се се случило во градот Чонгкинг.


Таткото на децата Жанг Бо започнал афера со Је Ченгчен. Отпрвин го криел фактот дека е оженет и има деца, но Је дознала сè. Жанг потоа решил да се разведе од сопругата со која имал деца.

Како што утврдил судот, Је ги гледала двете деца на Жанг како пречка за нивниот брак и заеднички живот. Таа постојано го повикувала Жанг да ги убие децата и му се заканувала дека ќе го остави ако не го стори тоа, пренесува Си-ен-ен.

Во ноември 2020 година, Жанг ги фрлил својата двегодишна ќерка и едногодишниот син од својот стан на 15-ти кат додека си играле покрај прозорецот од спалната соба. Жанг и Је беа осудени на смрт во декември 2021 година.

Во Кина, смртоносна инјекција се користи за извршување на смртната казна.

Во Кина традиционално егзекуциите се вршеа со стрелачки вод, но од 1997 година е воведен методот на смртоносна инјекција, кој се смета за похуман метод од пукањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK