Поднесено обвинение против републиканскиот претставник Џорџ Сантос

santos
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Републиканскиот претставник Џорџ Сантос, чии лаги по неговиот избор во ноември минатата година го забавуваа светот на политиката и медиумите, е обвинет пред федералниот суд, објавија американските медиуми.

Точките од обвинението се уште не се познати.


Мрежата Си-Ен-Ен, која се повикува на три добро информирани извори, наведува дека федералните обвинители поднеле обвинение против Сантос, претставник од Њујорк во Претставничкиот дом на САД, кој би можел денеска да се појави на суд.

Џорџ Сантос (34), кој си ги зголемил финансиските приходи и ја „разубавел“ својата биографија, признал дека измислил добар дел од својата биографија.

Конгресменот, кој се опиша себеси како „остварување на американскиот сон“, е обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство.

Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк и во Бразил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK