Судењето пред Комисијата на Вториот кривичен оддел на седум момчиња, кои се осомничени дека силувале 19-годишна девојка на градилиште во Палермо, започна на 24 мај, а одбраната веднаш побара жртвата да се изведе пред судот, што првично не беше планирано.
„Одбраната бара девојката да биде донесена во судница, но оваа ситуација би била крајно непријатна“, изјави адвокатот на жртвата.
Инаку, ова е судење пред Комисијата на Вториот кривичен оддел на судот во Палермо, откако на првичното рочиште кон средината на мај шест момчиња беа прогласени за виновни и осудени на осум години и осум месеци затвор. Само еден млад човек не е осуден бидејќи е малолетник, па се уште не се знае неговиот „статус“.
Имено, осомничените момчиња поднеле барање за повторно сослушување на тинејџерката, кое било одбиено бидејќи сметаат дека тоа ќе предизвика дополнителна траума.
„Последните две рочишта беа речиси идентични, но пред различни судии“, рече адвокатот на жртвата, Карла Фарофало.
При поднесувањето на првото барање, пред Комисијата на првиот кривичен оддел, констатирано е дека младата девојка живее во „засолниште, под заштита“ и дека е во навистина лоша психичка состојба.
„Секундарната виктимизација беше избегната со одбивање на скратена постапка. Тоа ќе биде долг процес, исходот и времетраењето се непредвидливи“, велат од судот.
Како што сега истакна адвокатот, барањата на одбраната биле повторно одбиени бидејќи жртвата конечно „застанала на нозе“ и се обидува да живее нормален живот. Оваа ситуација сега може дополнително да ја дестабилизира, што никој не го сака.