По седум години егзил, Пуџдемон се врати во Барселона

pudzemon.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Карлес Пуџдемон, поранешниот лидер на шпанскиот североисточнен регион на Каталонија, се врати во Шпанија по седум години во егзил.



Засега, не е уапсен во Барселона.

Тој го организираше забранетиот референдум за каталонска независност во 2017 годинаа, а дојде во Барселона за да присуствува на дебатата за избор на нов премиер во локалниот парламент.

Иако во мај Шпанија усвои закон за амнестија за неколку стотици поддржувачи на независноста, Врховниот суд одлучи дека тој не се однесува на Пуџдемон поради „проневерата“ на јавните пари како дел од обидот за отцепување. Во сила е налогот за апсење издаден од тој суд во Мадрид.

„Денеска дојдов да ве потсетам дека сè уште сме тука. Каталонија има право сама да одлучува за својата судбина“, им рече тој на стотици поддржувачи со каталонски знамиња насобрани околу симболичната Триумфална капија, пред да тргне кон парламентот во Барселона.

Инаку денеска (8 август) се расправа за изборот на шпанскиот социјалист Салвадор Ила за премиер. Тој доби најмногу гласови на изборите одржани во април.

Партијата на Пуџдемон, „Заедно за Каталонија“, соопшти дека ќе побара прекин на парламентарната расправа доколку тој биде уапсен.

Другите партии кои ја поддржуваат независноста на автономната покраина на североисток со 7,5 милиони жители, го поддржаа тој став.

Се очекува каталонските сепаратисти да се соберат околу парламентот, а протест најавија и шпанските унионисти предводени од десничарската партија „Вокс“.

Пуџдемон можел да се врати во Шпанија без гранични контроли бидејќи Белгија, каде што живее, како и соседна Франција, каде што водеше кампања за изборите во Каталонија, се во Шенген зоната, така што нема гранични контроли меѓу овие земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK