Песков: Палестинците мора да добијат своја држава, но пред тоа мора да се реши ова прашање

Песков-Палестинците-мора-да-добијат-своја-држава-но-пред-тоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нема сомнеж дека Палестинците мора да добијат своја држава, но пред тоа мора да се реши прашањето за хуманитарната катастрофа во Газа, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во интервју за телевизијата „Русија 24“.


Очигледно е дека Палестинците мора да добијат своја држава и тоа на начин на кој одлучи Советот за безбедност на Обединетите нации, рече Песков, додавајќи дека без тоа е невозможно да се реши конфликтот на Блискиот Исток, пренесува Тасс.

Пред да се случи тоа, сите ќе треба да размислуваат како да се реши хуманитарната катастрофа во Газа, рече Песков и изјави дека во моментов повеќе од два милиони луѓе живеат во нехумани услови „кои не доликуваат на човештвото“, поради што сите ќе мора да направи нешто.

Песков посочи дека сегашното заострување е резултат на „обидите за монополизирање на процесот на решавање на тој проблем веќе неколку децении“.

Освен тоа, избувнувањето на конфликтот беше олеснето со постојаното отфрлање на основната идеја – обезбедување држава за Палестинците, рече Песков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK