Хорор во Франција: 12-годишно девојче донесе нож во училиште, се обидела да убие професор за време на часот

Хорор-во-Франција-12-годишно-девојче-донесе-нож-во-училиште-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







12-годишно девојче во Франција донесе нож во училиште и му се заканувало на наставникот, по што била уапсена. Во инцидентот нема повредени. Според француските медиуми, ученичката рекла дека сака да прави „како што било во Арас“.

Како што пишува францускиот Либерасион, оваа среда во Рено, ученичка од петто одделение му се заканувала на наставникот за време на часот по англиски јазик. Ученичката, наводно, мафтајќи со своето остро оружје, рекла дека сака да го повтори гестот на Мухамед Могучков, кој на 13 октомври го уби наставникот Доминик Бернард и тешко рани уште две лица.

Со психијатриско вештачење е констатирано дека малолетничката е „опасна по себе“ и дека нејзината состојба бара лекување во специјализирана средина.

Обвинителот Рене Филип Аструк изјави дека ученикот дошол на училиште вооружен со голем нож долг 17 сантиметри, со очигледна намера да го убие професорот по англиски јазик.

„За време на часот замавнала со нож кон жртвата која побегнала. Ученичката ја следела жртвата додека не била разоружана од вработените во училиштето“, додаде обвинителот.

Според локалните медиуми, тинејџерката се налутила откако наставникот и го одзел телефонот, потсетувајќи ја дека тоа е забрането на училиште за време на часовите. Оваа информација за Франс прес ја потврдила девојка која наведува дека ученикот кој го донел ножот, минатата недела се скарал со професорот по англиски јазик бидејќи и го одзел мобилниот телефон на час.

Тогаш девојката кажала пред сите во класот дека ќе го убие „и ќе го направи истото што се случи во Арас“.

„Тогаш никој не ја сфати сериозно“, вели ученикот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK