Парламентот на Украина ја прифати оставката на Резников

reznikov
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Парламентот на Украина ја поддржа оставката на Алексеј Резников од функцијата министер за одбрана, објави на Телеграм пратеникот на Врховната Рада Јарослав Железњак.

Новиот министер Рустем Умеров ќе биде именуван на позицијата министер за одбрана на Украина во среда, додаде тој.


Поранешниот украински министер за одбрана Алексеј Резников во понеделникот поднесе оставка до Врховната Рада, односно до украинскиот парламент, а како што рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, на негово место ќе дојде Рустем Умеров, кој досега беше на чело на Фондот за државна сопственост.

Како што напиша претходно пратеникот на Врховната Рада, на Резников ќе му биде доделена функцијата амбасадор во Велика Британија.

Промената на военото раководство во Украина не може да влијае на суштината на режимот во Киев, за жал, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Новиот министер за одбрана на Украина е познат по неговиот нехуман однос кон жителите на Крим и Татарите, тој своевремено ја поддржа блокадата на водата на полуостровот, изјави на денешниот брифинг портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK