Земјите кои ја поддржуваат Украина ќе формираат коалиција за да му обезбедат артилерија со долг дострел на Киев за одбрана од руските напади и да користат пари од запленетите руски средства за купување оружје за Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Јасно е дека ја поддржуваме Украина и исто така е јасно дека не сме во војна со Украина. Нашата заедничка цел е да обезбедиме Украина да може ефикасно да се одбрани од руската инвазија. Нашата поддршка нема да ослабне“, изјави Шолц во Берлин на состанокот на таканаречениот Вајмарски триаголник, на кој присуствуваа лидерите на Германија, Полска и Франција, пренесе Ројтерс.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Париз и неговите сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно.
„Безбедноста на Европа е во прашање“, рече Макрон.
Полска на средбата ја претставуваше премиерот Доналд Туск.