Папата Франциско денеска упати нов повик за крај на сите војни, евоцирајќи го ужасот од масовните убиства на Евреите и другите жртви на нацизмот пред Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, кој се слави во сабота.
„Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда“, рече Папата на неделната аудиенција.
„Да не се умориме од молитвите за мир, да престанат конфликтите, да замолкне оружјето и да дише исцрпеното население“, рече папата.
Поглаварот на повеќе од 1,35 милијарди католици во светот го спомна актуелниот израелско-палестински конфликт и бомбардирањето на цивилите во „маченичка Украина“.
Тој го повтори своето тврдење дека „војната е секогаш пораз“ во која „единствените победници се производителите на оружје“.