Орбан: Му кажав на Столтенберг дека го поддржувам влезот на Шведска во НАТО

Орбан-Му-кажав-на-Столтенберг-дека-го-поддржувам-влезот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Унгарскиот премиер Виктор Орбан на „Икс“ објави дека му рекол на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонски разговор дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО.

„Потврдив дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО“, објави Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека му рекол на Столтенберг дека ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна прилика.

Столтенберг по повикот рече дека Орбан и неговата влада јасно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО.

„Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Столтенберг на „Икс“.

Турскиот парламент во вторникот го одобри членството на Шведска во НАТО, оставајќи ја Унгарија како единствена членка која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска во НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK