Папата Франциско ја оствари својата прва посета во Монголија

papa_23432232222
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско денеска пристигна во Монголија, што е прва посета на римокатолички поглавар на таа азиска земја.

Папата пристигна на аеродромот во Улан Батор околу 10:00 часот по локално време, каде што беше пречекан од монголска почесна гарда во традиционална сина, црвена и жолта облека.


Посетата на 86-годишниот папа е планирана до понеделник во Монголија, претежно будистичка земја со заедница од околу 1.400 католици.

На пат за Монголија, додека авионот леташе над Кина, папата испрати телеграма „со добри желби“ до кинескиот претседател Си Џинпинг и до кинескиот народ.

Папата традиционално ги поздравува лидерите на земјите во чиј воздушен простор се наоѓа авионот со кој патува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK