Папата Франциск: Светот мора итно да се откаже од фосилните горива

francisk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светот мора брзо да се откаже од фосилните горива и да стави крај на „бесмислената војна против креацијата“, рече денеска папата Франциск, во новиот говор за климатските промени во кој ги повика луѓето да се покаат за своите „еколошки гревови“.







Папата Франциск ја постави заштитата на животната средина во основата на својот понтификат, истакнувајќи во неговата значајна енциклика „Laudati Si“ од 2015 година дека планетата „почнува да изгледа сè повеќе како огромен куп нечистотија“.

Во пораката за Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото, тој рече дека самитот на ОН за климата во Дубаи, што ќе се одржи од 30 ноември до 12 декември, „мора да ја слуша науката и да иницира брза и праведна транзиција за да се стави крај на ерата на фосилно гориво“.

„Според обврските од Парискиот договор за спречување на глобалното затоплување, апсурдно е да се дозволи континуирано истражување и проширување на инфраструктурата за фосилни горива“, додаде тој.

„Неконтролираното согорување на фосилни горива и уништувањето на шумите ги зголемуваат температурите и доведуваат до големи суши“, рече папата, критикувајќи ги и дупчењата за нафта и гас и „непроверените големи рударски проекти“.

Папата Франциск, кој е првиот папа од таканаречениот глобален југ, ги осуди глобалните нееднаквости и рече дека „алчноста на потрошувачите, поттикната од себичните срца, го нарушува водениот циклус на планетата“.

Преку Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото, католиците се охрабруваат да понудат посебни молитви за планетата. Се одбележува на 1 септември, но обичај е пораката на папата поврзана со тој ден да биде објавена неколку месеци однапред.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK