Пакистан изврши два воздушни напади на авганистанска територија, а во таа прилика загинаа осум деца, соопштија талибанците.
Портпаролот на талибанците „најостро“ ги осуди нападите на авганистанско тло, нарекувајќи го кршење на суверенитетот на таа земја, пренесува Ројтерс.
Пакистанската војска и Министерството за надворешни работи допрва треба да одговорат на тврдењата на талибанците.