Орбан во пресрет на европските избори: Ќе маршираме до Брисел и ќе го окупираме, потребни се промени во ЕУ

Орбан-„Ме-притиснаа-до-ѕид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, во пресрет на европските избори во јуни, дека е подготвен да маршира до Брисел и да го „окупира“ центарот на Европската унија со цел „да ја одбрани унгарската слобода и суверенитет“.


Орбан, кој е на власт 14 години, се надева дека неговата партија Фидес ќе профитира од подемот на екстремната десница низ Европа. Неговата земја се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија во втората половина на годината.

Говорејќи на митингот по повод унгарскиот национален празник во чест на Унгарската револуција од 1848 година против Хабсбуршката монархија, Орбан рече дека европските избори се шанса да се застане во одбрана на Унгарија.

„Ако сакаме да ја браниме унгарската слобода и суверенитет, немаме друг избор освен да го окупираме Брисел“, рече Орбан пред околу 1.000 поддржувачи.

„Ние ќе маршираме до Брисел и самите ќе донесеме промени во Европската унија“, рече тој.

Орбан долго време беше во несогласување со другите членки на ЕУ за голем број прашања, вклучително и неговото противење на испраќање оружје во Киев и одржување на економските односи со Москва, чии сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година.

Унгарскиот премиер ја обвинува ЕУ дека со своите потези им нанесува штета на земјоделците, на средната класа и дека ги уништува компаниите, „а згора на тоа ја води Европа во војна“.

„Нема да прифатиме дека Брисел ги напушти Европејците, згора на тоа, се сврте против нив“, рече Орбан.

Неговата партија е во преговори со евроскептичната групација во Европскиот парламент, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), по напуштањето на Европската народна партија (ЕПП).

Партијата „Браќата на Италија“, предводена од премиерката Џорџа Мелони, е дел од ЕЦР. Орбан на крајот на годината изјави дека ќе донесе одлука на која група Фидес ќе се приклучи во ЕП по изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK