Орбан: Унгарија нема да учествува во никакви операции на НАТО во Украина

Орбан-„Ме-притиснаа-до-ѕид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Будимпешта нема да ги испрати своите војници во случај на потенцијално вклучување на НАТО во војната во Украина.


„Украинците мислат дека колку повеќе земји ќе се вклучат во војната против Русите, тие имаат поголема шанса да победат, па затоа бараат мешање на Европската унија, дури и целиот свет, во војна. Од гледна точка на украинците, ескалацијата на војната е логична. Сепак, ние Унгарците знаеме дека мора да останеме надвор од војната, затоа што влегувањето во војна е спротивно на унгарските национални интереси “, изјави Орбан пред новинарите.

Тој додаде дека Унгарија не може да го поддржи Холанѓанецот Марк Руте за нов секретар на Алијансата на местото на Јенс Столтенберг, затоа што, како што рече, го застапува ставот дека сите членки на НАТО мора да се посветат да учествуваат во воени активности надвор од териториите на Алијансата.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK