Орбан го блокираше влезот на Шведска во НАТО, сега премиерот повикува на преговори

Орбан-го-блокираше-влезот-на-Шведска-во-НАТО-сега-премиерот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО Aлијансата, закочена од Унгарија и Турција.


„Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Икс“.

Во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска и Финска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за членство во Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Во меѓувреме, Финска стана членка, но Шведска беше запрена на својот пат од Унгарија и Турција.

Турскиот претседател Таип Ердоган му приговара на Стокхолм за наводно заштита на групи кои Анкара ги смета за терористички, а Орбан тврди дека нема безбедносна закана за Шведска, која „неразумно ги обвинува“ унгарските власти за поткопување на демократијата.

Шведска не презема никакви чекори за зајакнување на довербата, рече Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, на брифинг минатата недела.

Унгарскиот парламент, кој моментално е на зимски распуст, ќе продолжи со работа во средината на февруари.

Турскиот парламент во вторник треба да расправа за барањето на Шведска за членство во НАТО, изјави во понеделник парламентарниот извор.

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент го одобри барањето на Шведска минатиот месец, што е прв чекор во процесот на ратификација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK