ОН одобри да продолжи повлекувањето на африканските сили од Сомалија

obedineti_nacii_on_00234234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Советот за безбедност на ОН го обнови за шест месеци одобрувањето за повлекување на силите на Африканска унија (АУ) од Сомалија, со што до крајот на септември треба да се повлечат уште 3.000 војници.







Во април 2022 година, СБ одобри замена на Африканската мисија во Сомалија, формирана во 2007 година, со Преодната африканска мисија во Сомалија (АТМИС), која исто така е предводена од АУ, но со зајакнат мандат да се бори против исламските екстремисти од Ал Шабаб, до крајот на 2024 година.

До крајот на 2024 година контингентот АТМИС, во кој има повеќе од 19.000 војници и полицајци, треба да се сведе на нула, а дотогаш постепено ги пренесува своите активности на сомалиските сили.

Во согласност со претходните резолуции на СБ, АТМИС пред неколку дена започна со повлекувањето на 2.000 војници, кое треба да се изврши до крајот на јуни.

Додека Сомалија повторно побара укинување на ембаргото за оружје. Во ноември минатата година СБ го обнови ембаргото за оружје за Сомалија, што е во сила од 1992 година. Ембаргото не се однесува на пратките на оружје наменети за развој на сомалиските безбедносни сили, но тие пратки сепак мора да се пријават до Комитетот за санкции на ОН, кој би можел да се спротивстави на тешкото оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK