СДСМ: Сите политички чинители имаат одговорност и обврска да ја обезбедат европската иднина на државата

– Tеренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ денеска продолжија во општините Центар, Босилово, Карпош, Зелениково, Могила, Штип и Бутел. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи од Бутел порача дека власта го штити стандардот на сите граѓани, дека инфлацијата паѓа, како и дека се враќа евтината тарифа на струјата. – СДСМ секогаш носи прогрес, демократија и економски …

Continue Reading

Клименко: Најмалку двајца загинати при руски напад врз Краматорск

– Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во денешниот руски ракетен напад што погоди ресторан во Краматорск, источна Украина, соопшти министерот за внатрешни работи Игор Клименко. Тој додаде дека во нападот оштетени се еден ресторан и неколку куќи. Клименко наведе дека е можно под урнатините да има уште жртви.

Continue Reading

ЕК ќе побара суспензија на фондовите наменети за Приштина

– Генералниот директор на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман денеска во Брисел изјави дека ќе предложи листа на санкции за властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација во северно Косово. Како што јави БЕТА, санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе …

Continue Reading

Честитика од Партијата на пензионери по повод Курбан Бајрам

– Партијата на пензионери им го честита Курбан Бајрам на сите пензионери и граѓани на државата кои го слават овој голем муслимански празник. Партијата по овој повод упатува желби за среќа, радост, љубов, внатрешен мир и разбирање.

Continue Reading

ОН одобри да продолжи повлекувањето на африканските сили од Сомалија

– Советот за безбедност на ОН го обнови за шест месеци одобрувањето за повлекување на силите на Африканска унија (АУ) од Сомалија, со што до крајот на септември треба да се повлечат уште 3.000 војници. Во април 2022 година, СБ одобри замена на Африканската мисија во Сомалија, формирана во 2007 година, со Преодната африканска мисија во Сомалија (АТМИС), која исто …

Continue Reading

Груби: Бараме сеопфатна истрага сѐ до последниот член на ДУИ

– Бараме сеопфатна истрага, не само за Рамиз Мерко, туку од господин Али Ахмети, па сѐ до последниот член на ДУИ, и не само за периодов, туку од 2002 до 2023 година, изјави првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби. Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, на прашање во врска со случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко …

Continue Reading

Отец Пимен: Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.

И така. Демократијата ете за сѐ имала решение. Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема. Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе …

Continue Reading

Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, со настан под мотото „Скопје за сите“ во Мош бар, одбележува 60 години рокенрол во Скопје

Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Ве поканува на 28.06.2023 во Mosh bar со почеток од 20:30 часот на настан под мотото „Скопје за сите!“, а по повод формирање на новиот Градски комитет Скопје. После низа активности на терен, средби со граѓани, како и успешно завршената акција Иницијативи за Скопје, решивме да направиме и еден ваков настан од културен карактер, со …

Continue Reading

Блинкен телефонски му честитал на Мицотакис за победата на изборите

– Потребата за задржување на стабилноста во Источниот Медитеран, ја истакнале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Блинкен му се јавил на Мицотакис да му ја честита победата на изборите и изразил надеж дека ќе продолжи …

Continue Reading