ОН бараат близу 2,6 милијарди долари за хуманитарни потреби во Судан

on
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За планот за хуманитарен одговор на Обединетите нации потребни се 2,56 милијарди долари за да им се помогне на луѓето погодени од кризата во Судан, изјави денеска Рамеш Раџасингам, шеф на Канцеларијата за координација на ОН за хуманитарни работи во Женева и директор на Одделот за координација.

Агенцијата за бегалци на ОН, исто така бара дополнителни средства за помош на тие кои се принудени да избегаат.


„Денес, 25 милиони луѓе, повеќе од половина од населението на Судан, имаат потреба од хуманитарна помош и заштита. Ова е најголемата бројка што некогаш сме ја виделе во земјата. Барањата за финансирање од речиси 2,6 милијарди долари се исто така најголеми за кој било хуманитарен апел за Судан“ рече Раџасингам.

Планот, ревидирана верзија на годишниот хуманитарен план за 2023 година, е осмислен за 18 милиони луѓе кои имаат потреба.

Конфликтот меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) предизвика хуманитарна криза која се заканува да го дестабилизира регионот. Повеќе од 700.000 луѓе се раселени во Судан, а околу 200.000 се принудени да избегаат во соседните земји.

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска упати заеднички апел со хуманитарната агенција во кој бара 472 милиони долари за помош на повеќе од еден милион луѓе во следните шест месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK