Германија: Државен секретар поднесе оставка поради обвиненија за непотизам

grajhen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државниот секретар во германското Министерство за економија, Патрик Грајхен поднесе оставка поради критиките дека го вработил својот кум на важна позиција, објавија денеска германските медиуми.







Како што објавија неделникот „Шпигел“ и новинската агенција ДПА, Грајхен поднесе оставка поради новите детали околу скандалот со вработувањето во Министерството за економија, кое го предводи вицеканцеларот и претставник на Партијата на зелените Роберт Хабек.

Грајхен го предложи Михаел Шефер, политичар од берлинскиот огранок на Партијата на зелените, за директор на Државната агенција за енергетика (Дена). Но, тој не спомнал дека Шефер му е кум.

Откако медиумите пишуваа за поврзаноста Грајхен со Шефер, објавен е нов конкурс за директорска функција.

Грајхен е обвинет и за поврзаност со Институтот за животна средина, кој редовно добивал наредби од Министерството за скапи вештачења. Сестрата и братот на Грајхен се вработени во Еколошкиот институт. И сестрата на Грајхен е мажена за друг државен секретар во Министерството за економија.

Опозицијата и делови од медиумите со недели го напаѓаат министерот Хабек поради неговото инсистирање Грајхен да остане државен секретар и покрај непотизмот.

Од Министерството за економија засега не се изјаснија за овој случај, но министерот Хабек најави изјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK