Околу илјада приврзаници на Кан се приведени во Пенџаб

police
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приближно илјада луѓе се приведени од синоќа досега во најбројната пакистанска провинција Пенџаб поради протестите што избија по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан.







Полицијата привела 945 прекршители на законот, а во немирите повредени се 130 полицајци.

Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Кан за денеска подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад, каде што тој е во притвор за случај за корупција.

Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд. Полицијата соопшти дека рочиштето ќе се одржи во полициската гостинска куќа каде што тој е сместен.

Апсењето уследи откако армијата го обвини Кан дека постојано обвинувал висок армиски офицер дека се обидел да го организира неговиот атентат и поранешниот шеф на вооружените сили дека ја поттикнал неговата смена од премиерската функција минатата година.

Како одговор, неговото Движење за правда повика на „блокирање“ на целата земја, а во многу градови поддржувачите на Кан се судрија со полицијата. Во Лахор и Равалпинди беа нападнати армиски згради.

Поддржувачите на Кан во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва беа повикани да се соберат рано утринава во градот Сваби за да заминат за Исламабад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK